Информатор на општина Новаци 32 - Page 5

Заврши заедничкиот европски проект на Новаци и грчката Алмопиа „Жива историја,жива природа“ Градоначалниците на општина Новаци Лазар Котевски и на Алмопиа,Грција, Димитрис Бинос на завршна конференција го означија успешното имплементирање на проектот „Жива историја, жива природа“ кој во изминатите 18 месеци го реализираа локалните самоуправи од двете држави а беше финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција 2007-2013 . Главната цел на проектот, нагласи градоначалникот Котевски, беше промоција и обединување на историските и природните ресурси во меѓуграничната област, документирање, истражување и промоција на атрактивни локалитети. - Во зададените рокови низ проектот успеавме да санираме и реконструираме значајни културно историски споменици како што се куќата на Калеш Анѓа во селото Старавина, мостот и воденицат