Информатор на општина Новаци 32 - Page 21

Предновогодишен концерт на класична музика Викендов во концертната сала во Општина Новаци се одржа предновогодишен концерт на класична музика во изведба на младиот и талентиран пијанист Иван Трајковски.Иван Трајковски е студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во класата на проф.Марија Ѓошевска. Градоначалникот Котевски истакна дека овие концерти се новост во општина Новаци но го радува посетеноста и интересот кој се јавува кај локалното население за вакви настани. „ Ме радува фактот што ваквите концерти го нтересираат локалното население а тоа се гледа од посетеноста.Со ваквите концерти се обидуваме да воведеме еден нов и несекојдневен вид на музичка уметност кој сакаме да го доближиме до нашите сограѓани.Општина Новаци пред Нова година организира многу настани особено новогодишни театарски претстави за најмладите како и детски приредби на учениците и дечињата од игротеката. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Општина Новаци годинава за прв пат организира дочек на Новата 2015 година со богата културно уметничка програма, бројни естрадни уметници, бесплатно мезе, ракија,ќебапи и огномет. 21