Информатор на општина Новаци 32 - Page 17

Донација ќебина за реновираните простори во Гинекологија Битола Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски денеска донираше ќебиња за реновираните простории во Гинеколошкото одделение при Клиничка болница Битола. „Ова не е прв пат да донираме во гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Битола. Тоа го правиме со особено задоволство затоа што претставува оддление каде се раѓа нов живот,каде се раѓаат најмалите и најмилите па токму затоа тие заслужуваат да имаат подобри услови во текот на нивниот престој во болница“ рече Котевски. “ Пред извесно време општина Новаци во истото одделение донираше постелнина, навлаки и чаршави. 17