Информатор на општина Новаци 32 - Page 15

Богата музичка понуда за дочекот на Новата 2015 во Новаци Богата културно уметничка програма и луда забава за жителите на општина Новаци за дочекот на најлудата ноќ се погрижи да има градоначалникот Лазар Котевски. Иако и досега општината организирала заеднички дочек не постоела голема посетеност, но годинава општина Новаци навистина се потруди со организацијата и се очекува голем интерес од страна на мештаните. „Оваа година решивме да организираме богата програма и забава со многу естрадни гости за месното население во општина Новаци кои ќе се одлучат Новата 2015 година да ја дочекаат во Новаци. Забавата ќе започне со програма за деца,млади и возрасни, потоа со настап на Ритам бенд, па следува Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски. Планирани се настапи на танчерки и на модното студио Шанел како и богата лотарија.За убавото и весело расположение ќе бидат задолжени Солза и смеа додека точно во 12 часот на полноќ се погриживме за убав огномет.“ рече Котевски. Локалната самоуправа се погрижи да организира и бесплатно мезе, ќебапи, топла жолта ракија,вода, сок, кифлички и салати. 15