Информатор на општина Новаци 32 - Page 11

Советот на општина Новаци ја одржа 26 тата седница Советот на општина Новаци во месец декември ќе има полни раце работа.Советниците се собраа на првата од вкупно трите седници кои се планирани да се одржат до крајот на оваа година.На дневен ред имаше 4 точки.Советниците донесоа Одлука за пристапување кон изработка на локална планска урбанистичка документација ЛУПД за оформување на ГП1 за изградба на спортски комплекс со пратечки содржини на КМ 221/1-дел КО Добромири и КП-7дел, Новаци општина Новаци. Го разгледаа барањето на Јонче Ѓорѓиевски од с.Гнеотино да се изврши увид за направената штета од наносите тампон во нивите од патот БродГнеотино.На Зоран Илиевски од с. Добромири му се одобрија парични средства за погребални трошоци за неговата мајка.Советниците донесоа одлука за сопствено учество на општина Новаци во висина од 20 % за реализација на проектот за изградба на канал во с. Долно Агларци кој ќе се реализира во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.Следната седница на Советот на општина Новаци е закажана за 12 декември (петок) во 12 часот. Советот на општина Новаци ја одржа 27-мата седница Втор пат оваа недела заседаваше Советот на општина Новаци.На дневен ред за разгледување ,расправа и усвојување беа ставени 19 точки.На самиот почеток беа усвоени записниците од претходните две седници 25 и 26 та седница.Потоа се усвои одлука за усвојување на Предлог Буџет за 2015 година како и Одлука за усвојување на предлог одлуката за извршување на Буџетот на општина Новаци за 2015 година.Советниците едногласно го одобрија и буџетскиот календар за 2015 година.Со оглед на тоа дека се ближи Нова година и Божик на дневен ред беше ставена и точката за одбележување на овие празници која исто така беше усвоена.Советниците донесоа одлука за донесување проценка на загрозеност на подрачјето на општина Новациод секаков вид ризици и опасности.Советниците ја донесоа и нивната програма за работа за следната 2015 година.Покрај другото се донесе предлог програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општината, предлог програма за одржување на јавна чистота за 2015 година.Се разгледаа и две барања од МЗ Добровени и Живојно како и индивидуално барање на жител од с. Новаци за доизградба на одводна мрежа за прибирање на отадните води.На денешната седница како дополнителни точки беа усвоени и следните одлуки: Одлука за пристапување кон изработка на ЛУПД за ловен дом со пропратни содржини КО Будимирци, одлука за пристапување на ЛУПД за изградба на објекти со наменма Е2 за фотоволтаична централа во месноста викана Црвен брег КО Гермијан,