Информатор на општина Новаци 23 - Page 5

Претседателот Иванов во посета на Новаци и Добромири Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов оствари средба со месното население на Новаци и Добромири.На средбата во Новаци беше топло дочекан од градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и бројните љубопитни жители кои сакаа да се поздрават и сликаат со првиот човек на државаа. Претседателот Иванов беше запознаен со проектите на локалната самоуправа и процесите за урбанизирање на ова населено место. Во разговорите беше посочено дека во општината изминатите две години се направени 6 локални патни правци и дека постојано се работи на унапредување на инфраструктурата. Жителите на Новаци во разговорот со претседателот Иванов изразија задоволство од реконструкцијата на основното училиште и планот за изградба на спортска сала и повеќенаменско игралиште. На средбата со македонскиот претседател, жителите на Новаци се согласија дека започнатиот проект во општината за експанзија на мали бизниси придонесе за економски развој на ова населено место. Воедно беше поздравено реализирањето на проектот за обезбедување парно греење ТЕЛЕТЕРМ од ИПА Програмата за прекугранична соработка, во вредност од 160 илјади денари кој ќе обезбеди развој на оранжериското производство во Пелагонија. 5