Информатор на општина Новаци 23 - Page 3

Општина Новаци прослави 18 години постоење Празнувањата за одбележување 18 години постоење на општина Новаци започнаа со свечена приредба со која беше одбележан патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци. Во весела атмосфера учениците имаа подготвено навистина многубројни интересни точки а патронатот го збогатија и настапите на двете културно уметничките друштва „Новаци“ од Новаци и „Илинден“ од општина Демир Хисар.„Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 18 години постоење.Чествувањата започнаа со прослава на патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци а продолжуваат со отворен ден и спортски активности во училиштето.Потоа следува полагање цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски кој е родум од Новаци а загина во конфликтот во 2001 година.Во 13 часот имаме закажано свечена седница на советот на општина Новаци и свечен коктел за сите наши гости. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. 3