Информатор на општина Новаци 23 - Page 13

Ќе се реновира салата во општина Новаци Општина Новаци го започнува реновирањето на општинската сала која се користи многукратно во текот на годината за разни манифестации, културни настани, претстави и други збиднувања. „Салата во општината е простор кој многу се користи особено за разни културни манифестации,претстави,други собири за потребите на општината, ја користат од КУД Новаци и Културно иновативниот клуб, па заради тоа неопходно беше нејзиното реновирање.Веќе се набавени нови столчиња во вредност од 206 028 денари а заврши и тендерската процедура за избор на изведувач на градежните работи за реновирањето на салата што општинскиот буџет ќе го чинат околу 500 000 денари. “рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Реновирањето на салата ќе опфати демонтажа на пластична ламперија и нејзина замена со нова, замена на старата и дотраена дрвена дограма со нова ПВЦ, оспособување на соблекувална во задниот дел од салата, поставување на нова електрична инсталација,вентилационен систем, осветлување и озвучување, промена на стариот под со нов од линолеум, набавка на театрална завеса со механизам и сл. Ќе се санира свлечиштето на локалниот пат Долно Орехово Општина Новаци започна активности за санација на појавеното свлечиште на локалниот патен правец кој води до селото Долно Орехово. „Како што се подобруваат временските прилики се зголемува и бројот на градежни активности на општина Новаци низ населените места. По барање на жителите на село Долно Орехово излеговме на терен и воочивме дека навистина има потреба од санација на свлечиштето кое се појавило на овој локален патен правец. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Изведувач е Стентон градба, а средствата во висина од 309 632,00 денари се издвоени од буџетот на општина Новаци. 13